поранешна држава From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралството Кастиља (шпан. Reino de Castilla) било едно од средновековните кралства на Пиринејскиот Полуостров. Се создало во текот на IX век, најпрво како вазалски посед под Кралството Леон. Името доаѓа поради големиот број замоци (шпан. castile) што биле градени во тој регион. Подоцна Кралството Кастиља заедно со соседните кралства учествувало во создавањето на Шпанија.
Кралство Кастиља Reino de Castilla
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1035–1230 | |||||||||
Главен град | Бургос и Толедо | ||||||||
Говорени јазици | шпански (кастиљски, леонски,[1] и галисиски); баскиски; и арапски | ||||||||
Вероисповед | христијанство (католичко), Ислам и Јудаизам. | ||||||||
Уредување | монархија | ||||||||
Историски период | Среден век | ||||||||
• Фердинанд I станува прв крал на Кастиља | 1035 | ||||||||
• Родриго станува прв гроф на Кастиља | 850 | ||||||||
• Грофот Фердинанд Гонсалес ја обединува Грофовијата Кастиља | 931 | ||||||||
• Кастиља станува кралство | 1035 | ||||||||
• Здружување со Леон | 1230 | ||||||||
|
До 1230 г. имало постојано соперништво помеѓу Кастиља и Леон, особено што поради браковите помеѓу монарсите на двете кралства честопати предизвикувале и борби за превласт помеѓу наследниците. Во 1230 г. Фердинанд III го наследил кралството Леон од татко му Алфонсо IX, а Кастиља од мајка му Беренгуела од Кастиља уште во 1217. Со тоа, преку личен сојуз тој ги обединил двете кралства, а освоил и други соседни територии и ја зацрврстил државата под името Кастиљска круна.
Во 1469 кралицата Изабела I склучила брак со арагонскиот крал Фердинанд II и со тоа започнало обединувањето на тие две кралства во заедничка држава која го добила името „Хиспанија“ според античкото римско име за Пиринејскиот Полуостров.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.