Карл Лудвиг Хардинг
германски астроном / From Wikipedia, the free encyclopedia
Карл Лудвиг Хардинг (германски: Karl Ludwig Harding, 29 септември 1765 – 31 август 1834 ) — германски астроном, познат како откривач на 3 Јунона во 1804 г. како третооткриен астероид во историјата[1][2] Во негова чест се наречени месечевиот кратер Хардинг и астероидот 2003 Хардинг.[3]
Карл Лудвиг Хардинг Karl Ludwig Harding | |
---|---|
Роден(а) | 29 септември 1765(1765-09-29) Лауенбург |
Починал(а) | 31 август 1834(1834-08-31) (возр. 68) Гетинген |
Познат по | 3 Јунона, астрономски откритија |
Поважни награди | Член на Кралското друштво Лаландова награда |
Роден е во свештеничко семејство во Лауенбург, Војводство Саксо-Лауенбург. Од 1786 до 1789 г. се образувал во Гетингенскиот универзитет, каде изучувал теологија, математика и физика.[2] Во 1796 г. Јохан Јероним Шретер го најмил како подучувач на неговиот син. Шретер бил страстен аматерски астроном, па така Хардинг набргу бил назначен за набљудувач и инспектор во неговата опсерваторија.
Во 1804 г. во таа опсерваторија Хардинг ја открил Јунона. Истата година бил назначен за професор по астрономија во Гетинген и го напуштил Лилиентал, каде на негово место дошол Фридрих Бесел.