село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia
Капиново — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Капиново — село во Општина Чашка. Селото е оддалечено 49 километри југозападно од градот Велес. Околни села се: Папрадиште и Ореше од запад, Нежилово од север, Црешнево и Бистрица од исток, и Богомила од југ.
Селото првпат се спомнува во 1480 година, но тоа старо село пропаднало. Денешното село е основано од доселеници од Порече.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 2002 година во ова село не биле забележани жители. Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | 112 | 94 | 94 | 69 | 18 | 6 | 2 | 1 | 0 | 0 |
Капиново било македонско село.
Според истражувањата од 1967 година, родови во селото биле:
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2211 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом на селото Богомила.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 235 гласачи.[9]
Капиново највеќе нараснало на 25 домаќинства, но поради големите иселувања селото целосно пропаднало. Иселеници има на многу места. Согле, Мартолци, Извор и Голозинци. Во селото Качарево во Војводина се иселиле 3 семејства. И на други места.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.