Кантони во Швајцарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од Вестфалскиот мир (1648), па сè до основањето на сојузна Швајцарија (1848), секој кантон бил наполно суверена држава[1] со своја царина, војска и валута. Најнов кантон е Јура, кој се одделил од Берн во 1979 г.[2]
Поимот „кантон“ (германски: Kantone, француски: cantons, италијански: cantoni, реторомански: chantuns) е од француско потекло и значи „агол“ или „околија“.[3]