Камерон Дијаз
американска глумица / From Wikipedia, the free encyclopedia
Камерон Дијаз (на англиски: [Cameron Diaz] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help), родена на 30 август 1972 во Сан Диего, Калифорнија, САД) со целосно име Камерон Мишел Дијаз, е американска филмска актерка и поранешен модел.
Камерон Дијаз Cameron Diaz | |
---|---|
Камерон Дијаз во Лондон, 2007 | |
Роден(а) | Камерон Мишел Дијаз |
Занимање | Глумица и модел |
Активен | 1988–1993 (модел) 1993– (глумица) |
На 16 година заминала од својот дом и работела како фото модел, а во следните пет години живеела на различни локации низ целиот свет. Иако без глумечко искуство, во 1944 година дебитира на филмското платно со филмот Маска (Mask), каде што ја толкува понежната половина на глумецот и комичар Џим Кери. После неколку улоги во нискобуџетни и непопуларни филмови нејзината популарност почнала да расте во 1998 кога ја одигра главната улога во романтичната комедија Сите се луди за Мери (There's Something About Mary). Две години подоцна ја игра главната улога во филмот Чарлиевите ангели (Charlie's angels), а во 2001 учествува во филмот „Небо со боја на ванила“ заедно со Том Круз, за подоцна да го даде гласот на принцезата Фиона во популарниот анимиран филм Шрек.
Денеска е една од најплатените глумици во Холивуд, добивајќи 20 милиони долари за продолжението на „Чарлиевите ангели“ со што стана втората глумица, после Џулија Робертс, со толку голема заработка за само еден филм.