From Wikipedia, the free encyclopedia
Каменот на Битието (примерок 15415) е примерок од месечев камен земен од страна на астронаутите од Аполо 15, Џејмс Ирвин и Дејвид Скот во 1971 година за време на втората месечева ЕВА, од Спар кратерот. Тежок е околу. 270 грама,[1] и моментално се чува во Лабораториската Постројка за Примероци од Месечината во Хјустон, Тексас.
Хемиската анализа на Каменот на Битието покажала дека станува збор за анортозит, составен претежно од еден вид плагиоклазен фелдспат познат како анортит. Каменот е формиран во раните фази на Сончевиот Систем, пред најмалку 4 милијарди години.[2]
Првично се мислело дека пронашле парче од првобитната кора на Месечината, но подоцнежната анализа покажала дека каменот е стар само 4,1 ± 0,1 милијарди години, што значи дека е помлад од самата Месечина, а настанал откако кората на Месечината се стврднала. Сепак се работи за исклучително стар примерок, формиран за време на преднектарискиот период од минатото на Месечината. Утврдувањето на староста преку самариум-неодиум изотопите на пироксените од други примероци на месечев анортозит се утврдило дека кристализацијата се случила пред 4,46 милијарди години.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.