From Wikipedia, the free encyclopedia
Кама е ладно оружје кое било користено или се користи од страна на народите од Кавказот, Јужен Кавказ (Закавказје), Блискиот Исток и Балканскиот Полуостров. Името на ова ладно оружје најверојатно потекнува од адигејскиот збор кама што означува нож или бодеж.
Камата е долга од 30 до 50 см, со двoстрано сечило кое е тесно и долго. Напречниот пресек на сечилото е лентикуларано, а постепено се стеснува до врвот. Рачката е тенка, а на крајот има подебел дел. Вака изгледа камата за да може да се држи полесно во рака.
Камата се носи во футрола поставена на појасот или вратот. Таа се користела како додаток во облекувањето, како продорен ефект, односно целта била да се остави впечаток меѓу присутните, меѓутоа нејзината првенствена цел е да се користи во блиска борба како остро оружје.
Оваа кама има различни орнаменти. Украсите може да бидат нанесени на сечилото или рачката. Цртежи на ножот обично се мотиви од природата или религијата.
Таа е црна кама со издолжена глава, а ова му дава форма на источна арка. Деталите на ножот се изработени од челик, а орнаментите се најчесто во форма на лалиња.
Сечилото на ова оружје е кратоко и широко, рачката е сребрена или метална, украсена е со врежани орнаменти во облик на цветни ливчиња. Оваа кама исто така може да биде украсена од разни фигури изработени од злато и сребро.
Камата има многу издолжена глава и е слична на ерменските ками. Камите изработени од страна на мајсторите од Дагестан отсекогаш се сметале за најдобри на Кавказот.
Кубачинскa кама има исклучително поволен сооднос на должина на сечилото со неговата ширина и големина на рачката. Оваа кама има некои посебни одлики и детали. Тие се изработени според лезгинскиј образец - Лилиопсидна. Овој дизајн овозможува најголема вкочанетост и го прави лесен.
Хевсурскaта е сорта на грузиска кама, меѓутоа рачката е изработена од месинг во грузиски или мешан кавказки тип, но се доближува до грузискиот начин. Делови од дршката и сечилото се изработени од месинг или железо, украсени со едноставни орнаменти изработени од бакар.
Османлиските ками од 16 век најчесто служеле како додаток во облеката на крупната османлиската аристократија. Во овој периот таа се состоела од еднострано сечило кое на врвот било закосено. Рачката била тесна со топчест врв.
Честопати сечилото, рачката и футролата биле украсувани со орнаменти, изработени од сребро или злато, а на сечилото понекогаш се сретнувале и натписи со арапско писмо. Ваквиот дизајн и украсување на камата трбало да го претстават престижот на сопственикот во осмалиското општество.
Во 18 век, османлиската кама го променила својот изглед. Таа се стоела од долго двострано сечило, со тесна рачка која на врвот и на крајот можела да има орнаменти во вид тркалезни топки меѓутоа тоа било реткост. Во овој период сечило, рачката (дрвена) и футролата (кожна) биле украсувани со ортнаменти изработувани од сребро, а димензиите и биле од 54 до 48 см. Ваквиот дизајн и украсување на камата укажуваат дека за разлика од поранешниот период, камат станала украс и воружувањето на ситната османлиска аристократија.
Османлиите по освојувањето на Балканскиот Полуостров, меѓу покорените народи го наметнале и сопственото воружување. Камата уште во раното османлиско владење станала составен дел од воружувањето на ајдутските дружини и нивните арамбаши и војводи.
Голем дел од балканските народи во текот на борбите за ослободување од Османлиското Царство, камата ја користеле како симбол за агитација во борбата за слобода.
Македонските револуционери камата ја користеле како моќно средство за изразување на самоувереноста и симбол на револуционерната дејност на Македонската револуционерна организација [1] [белешка 1].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.