Каллив вулкан
геолошка појава / From Wikipedia, the free encyclopedia
'Каллив вулкан' или каллива купола е земјиште создадено од ерупција на кал или вода и гасови. Постојат неколку геолошки процеси кои може да предизвикаат формирање на калливи вулкани. Калливите вулкани, не се магматско карпести вулкани бидејќи не произведуваат лава и не мора да се поттикнати од магматска активност. Местото од каде од земјата постојано избива каллива материја понекогаш може да се нарече "каллив вулкан". Калливите вулкани можат да бидат високи и широки од само 1 или 2 метри а понекогаш можат да бидат високи и до 700 метри со 10 километарска широчина.[1] Помалите калливи вулкани понекогаш се наречени калливи лонци. Најширокиот каллив вулкан, предизвикан од човечка активност, е вулканот "Луси" во Јава, Индонезија, чиј обем изнесува 10 километри.[2]
Калта произведена од калливиот вулкан најчесто се формира како топла вода која се загрева длабоко под површината на почвата, почнува да се меша и да се соединува со подземните минерални талози, создавајќи каллива кашеста смеса. Овој материјал избива нагоре преку отвор или пукнатина поради локалниот подземен нерамномерен притисок. Калливите вулкани се поврзани со субдукциските зони и 1100 биле идентификувани на или во близина на копното. Температурата на кој било активен каллив вулкан генерално останува прилично стабилна и е многу помала отколку типичните температури на огнените магматско-карпести вулкани. Температурите на калливиот вулкан може да варираат од близу 100 °C (212 °F) на повремено 2 °C (36 °F), некои се користат како популарни "калливи бањи."
Околу 86% од гасот ослободен од овие структури е метан, со многу помалку јаглерод диоксид и азот. Исфрлените материјали се најчесто кашеста маса на цврсти материи размешани во вода коишто можат да содржат мешавина на соли, киселини и разни јаглеводороди. Можни калливи вулкани се идентификувани и на Марс.[3]