Кале (Отовица)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кале или Градиште — археолошко наоѓалиште кај велешкото село Отовица. Претставува градиште од доцноантичкото време. На 2 км североисточно од Башино Село, од левата страна на патот Велес-Езеро Младост, на висок рид со зарамнето плато има видливи остатоци од високи ѕидови од утврдувањето. Во внатрешноста се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, архитектонска пластика и градежен материјал. Најдени се и монети од V-VI век. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Кале“ | |
| |
Местоположба | 41°46′23″N 21°46′40″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Отовица |
Општина | Велес |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Затвори