Кале (Модриште)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кале — археолошко наоѓалиште во поречкото село Модриште. Претставува градиште од доцноантичко време. Се наоѓа на 2 км од селото, на еден висок рид на десниот брег на Голема Река (Треска), кој стрмно се спушта кон речното корито. На зарамнетиот врв, со простор од 100 × 50 м, се гледаат темели од бедем граден од камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и множество друг градежен материјал.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Кале“ | |
Местоположба | 41°38′24″N 21°14′36″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Модриште |
Општина | Македонски Брод |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Затвори