Кале (Коџаџик)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кале — археолошко наоѓалиште во дебарското село Коџаџик. Претставува древномакедонска, римска и средновековна утвердена населба. Се наоѓа северозападно од селото, на голема височинка што има доминантна положба над пространата територија на Жупа, со можност за контрола на комуникациите во неа. На самиот врв, кој има стрмни карпи и зарамнето плато, постојат остатоци од утврдена населба. Одбранбениот бедем на калето е граден од големи камени блокови во сувоѕидица. До калето води пат послан со кршени камења - калдрма. По површината на тврдината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Во месноста Поткале, покрај патот што води за калето се гледаат гробни конструкции од камени плочи - тип циста.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Кале“ | |
Местоположба | 41°26′43″N 20°36′6″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Коџаџик |
Општина | Центар Жупа |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Затвори