![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2c/Muzejot_vo_D%25C5%25BEepci%25C5%25A1te_010.jpg/640px-Muzejot_vo_D%25C5%25BEepci%25C5%25A1te_010.jpg&w=640&q=50)
Кале (Десово)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кале — археолошко наоѓалиште во прилепското село Десово. Претставува населба од доцноантичко време и среден век. Се наоѓа на околу 4 км северно од селото, под врвот Леска, каде на површина од 30 м2 се гледаат траги од ѕидови. И на повисокиот крај на наоѓалиштето, исто така, има темели, и тоа од поголем објект кој се простира на околу 1.000 м2. По површината на теренот се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и друг градежен материјал, а најдени се и византиски монети. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Кале“ | |
![]() Наоди од наоѓалиштето Кале изложени во најмалиот етнолошки музеј во светот во Тетовско Џепчиште | |
Местоположба | 41°27′45″N 21°29′28″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Десово |
Општина | Долнени |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Затвори