Кале (Белица)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кале — археолошко наоѓалиште во поречкото село Белица. Претставува доцноантичко градиште. Се наоѓа на 4 км северно од селото, на високиот рид Столаватец, на кој има зарамнет простор од 80 × 60 м, каде се гледаат остатоци од одбранбен бедем ѕидан од камен и варов малтер. Зачуван е само во темелите, а по површината на градиштето се среќаваат множество градежен материјал, фрагменти од керамички садови и питоси. Кај месен жител се наоѓаат монети откриени во ова наоѓалиште.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Кале“ | |
Местоположба | 41°40′33″N 21°18′15″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Белица |
Општина | Македонски Брод |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Затвори