![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/78/2_%25D0%25BF%25D0%25B0%25D1%2580%25D0%25B0_%25D0%25BA%25D0%25B0%25D0%25B2%25D0%25B0%25D0%25BB%25D0%25B8_%25D0%25BD%25D0%25B0_%25D0%25B0%25D1%2580%25D0%25B1%25D0%25B8%25D0%25B8_%25D0%25BE%25D0%25B4_%25D1%2581._%25D0%25A1%25D0%25B5%25D0%25B4%25D0%25BB%25D0%25B0%25D1%2580%25D0%25B5%25D0%25B2%25D0%25BE%252C_%25D0%25A2%25D0%25B5%25D1%2582%25D0%25BE%25D0%25B2%25D1%2581%25D0%25BA%25D0%25BE.jpg/640px-2_%25D0%25BF%25D0%25B0%25D1%2580%25D0%25B0_%25D0%25BA%25D0%25B0%25D0%25B2%25D0%25B0%25D0%25BB%25D0%25B8_%25D0%25BD%25D0%25B0_%25D0%25B0%25D1%2580%25D0%25B1%25D0%25B8%25D0%25B8_%25D0%25BE%25D0%25B4_%25D1%2581._%25D0%25A1%25D0%25B5%25D0%25B4%25D0%25BB%25D0%25B0%25D1%2580%25D0%25B5%25D0%25B2%25D0%25BE%252C_%25D0%25A2%25D0%25B5%25D1%2582%25D0%25BE%25D0%25B2%25D1%2581%25D0%25BA%25D0%25BE.jpg&w=640&q=50)
Кавал
gajda / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кавалот е македонски народен дувачки инструмент отворен од двете страни, изделкан од едно јасеново парче и орнаментиран низ целата должина. Горниот крај на кавалот е малку стеснет и со остар раб. Овој инструмент има 7 дупки за прстите на лицето и една за палецот на опачината. Дупките се рамномерно распоредени (со 2 см раздалеченост), со тоа што шестата дупка е отприлика при средината на инструментот. При свирење, кавалот се држи со двете раце под агол од околу 45° во однос на телото, со тоа што четири прста од едната рака работат со долните купки, а со горните три дупки и задната палечна дука работи другата. Устата покрива ~3⁄4 од крајот на кавалот. Промената на притисокот при дување во него го менува и висината на звукот.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/78/2_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%B0%D1%80%D0%B1%D0%B8%D0%B8_%D0%BE%D0%B4_%D1%81._%D0%A1%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%2C_%D0%A2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%BE.jpg/640px-2_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%B0%D1%80%D0%B1%D0%B8%D0%B8_%D0%BE%D0%B4_%D1%81._%D0%A1%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%2C_%D0%A2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%BE.jpg)
Зависно од клучот (тоналитетот), кавалот може да биде во повисок регистар (C, C#), среден регистар (D, H) или низок регистар (A, B). Кавалот може да свири 21⁄5 октави од хроматичната скала. Звукот му е топол, меланхоличен и пријатен.
Додека во минатото ова бил овчарски инструмент, денеска се користи во народни песни и ора како дел од ансамбл или соло. Кавалот често се свири во парови. Првиот кавалџија (или водач) го води другиот (полагач), со тоа што кавалот е во истиот клуч, обично понизок, како C, C#, D, иако се користат и други клучеви. Калибарот на кавалот е 16мм, но постојат и кавали со калибар од 17mm кои се препорачуваат на поискусни кавалџии од изработувачот Стојанче Костовски.
Кавалот обично стои на дрвен држач (арбија), кој го штити од искривување и ја чува внатрешноста замастена.