![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/f/f2/Valencia_Basket_logo.png/640px-Valencia_Basket_logo.png&w=640&q=50)
КК Валенсија
From Wikipedia, the free encyclopedia
КК Валенсија или Валенсија Баскет е кошаркарски клуб од Валенсија, Шпанија. Моментално се натпреварува во АЦБ лига, највисокото натпреварување на шпанската кошарка за мажи.
Валенсија | ||||
---|---|---|---|---|
![]() | ||||
Основан | 27 септември 1986; пред 37 години (1986-09-27) | |||
Историја | КК Валенсија (1986-денес) | |||
Арена | Фуенте де Сан Луис | |||
Град | Валенсија, Шпанија | |||
Бои на екипата | ||||
Сопственик | ![]() | |||
Тренер | ![]() | |||
Повлечени броеви | 2 (11, 15) | |||
| ||||
|
Првично, клубот бил спонзориран од компанијата Памеса, па бил познат до 2009 година како Памеса Валенсија. Од крајот на 2009 година до крајот на сезоната 2010-2011, валенсијската компанија Power Electronics го спонзорирала првиот тим, при што официјалното име тогаш на клубот било Пауер Електроникс Валенсија. Од 2012 година го носи името Валенсија Баскет.
Клубот е наследник на кошаркарската секција на фудблскиот клуб Валенсија. По испаѓањето на фудбалскиот клуб во втората лига во 1986 година, кошаркарскиот клуб заземал свој идентитет и во сезоната 1986-1987 веќе учествува како независен ентитет во шпанската кошаркарска Примера Дивисион Б.
Својте натпревари клубот ги игра во арената Фуенте де Сан Луис, која има капацитет од 8500 гледачи. Најчесто играат во портокалови дресови и шорцеви.