КК Алба Берлин
From Wikipedia, the free encyclopedia
КК Алба Берлин (исто така познат како Берлин Албатрос) е познат германски професионален кошаркарски клуб со седиште во Берлин, Германија. Моментално се натпреварува во најсилната германска кошаркарска лига, Бундеслигата. Клубот е основан во 1991 година и денес е најголем германски кошаркарски клуб според бројот на членови.
Алба Берлин | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Прекар | Берлин Албатрос | ||
Лига | Бундеслига | ||
Основан | 1991; пред 33 години (1991) | ||
Историја | Алба Берлин (1991–денес) | ||
Сала | Мерцедес-Бенц Арена | ||
Сала Капацитет | 14,500[1] | ||
Место | Берлин, Германија | ||
Претседател | Дитер Хауерт | ||
Тим менаџер | Марко Балди | ||
Тренер | Ајто Гарсија Ренесес | ||
Прваци | 1 Куп Корач 8 Бундеслига 9 Куп на Германија 3 Суперкуп на Германија | ||
Повлечени броеви | 2 (4, 12) | ||
Мрежно место | albaberlin.de | ||
Дресови | |||
|
Со освоени осум титули германски шампион, девет купа, три суперкупа и Купот на Радивој Корач во 1995 година, АЛБА Берлин се смета за најуспешен германски кошаркарски тим, и во земјата и во странство. Во 2014 година, клубот бил исто така првиот германски кошаркарски тим кој победил екипа од НБА, совладувајќи ги тогашните шампиони Сан Антонио Спарс.
Алба Берлин својте домашни натпревари ги игра во Мерцедес-Бенц Арената. Со просечна посетеност од повеќе од 10.000 навивачи по натпревар во една сезона, клубот е исто така еден од најпопуларните кошаркарски клубови во Европа. Во 2013 година Алба бил прикажана во документарната серија "Кошаркарски престолнини" на ESPN.