Ијан Торп
австралиски пливач / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ијан Џејмс Торп (англиски: Ian James Thorpe; р. 13 октомври 1982 ) — поранешен австралиски пливач кој е специјалист во слободен стил, но се натпреварува и во грбен и мешан стил. Тој има освоено пет златни олимписки медали, најмногу од кој било Австралиец и со три златни и два сребрени медали, беше најуспешен спортист на Олимписките игри во 2000 година. На Светското првенство во 2001 година, тој беше првиот кој освои шест златни медали на едно светско првенство. Торп има освоено вкупно единаесет златни медали од светските првенства - само втор пливач на планетата кој има освоено толку медали. Торп е првиот кој беше избран четири пати за Пливач на годината според Swimming World и беше пливач број еден во Австралија од 1999 г. до 2003 г. Со неговите достигнувања стана најпопуларен пливач во Австралија и беше избран за Најмлад Австралиец на годината во 2000 година.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
На 14 години, тој стана најмлад машки натпреварувач кој ја застапувал Австралија и со победата на 400 метри слободно на Светското првенство во Перт во 1998 година стана најмладиот машки натпреварувач на едно светско првенство. По таа победа, Торп доминираше на 400 метри слободно, освојувајќи златен медал во таа дисциплина на сите Олимписки игри, Светски првенства, Комонвелтотски игри и Пантихоокеански првенства сè до паузата по Олимписките игри во 2004 година. Покрај тринаесетте поединечни светски рекорди на педесет метарски базаени, Торп ги предводеше и штафетните тимови до победи во трките на 4 x 100 метри и 4 x 200 метри слободно на Олимписките игри во Сиднеј, кои се вбројуваат во неговите пет штафетни светски рекорди. Победите на 200 м. и 400 м. и бронзата на 100 м. во слободен стил на Олимписките игри во Атина придонесоа да стане единствениот машки натпреварувач кој освоил медали во комбинацијата 100-200-400 м.
По Олимписките игри во Атина, Торп направи една година пауза од пливањето, закажувајќи враќање на Комонвелските игри во 2006 г. Сепак, тој беше принуден да се повлече поради болест. Ги откажа и тренинзите кои следуваа, за да во ноември 2006 г. го најави своето повлекување, изјавувајќи дека нема мотивација за да продолжи.
2011 година започна со шпекулации за негово враќање во пливањето кои беа подгреани од многу луѓе кои го виделе како тренира. Овие шпекулации конечно се потврдија кога Торп закажа прес-конференција на 2 февруари 2011 г., на која зборуваше за неговото враќање во пливањето на Олимписките игри во Лондон, по пауза од пет години.