From Wikipedia, the free encyclopedia
Ишбошет ( хебрејски: אִישְׁבֹּשֶׁת , ʼĪšbōšeṯ), исто така наречен Јевостеј, или Ешбаал (אֶשְׁבַּעַל 'Ešba'al; исто така Ишбаал) ― син на кралот Саул и втор крал на Царството Израел.[1]
Ишбошет | |
---|---|
Илустрација од Моргановата Библија прикажувајќи ја смртта на Ишбошет. | |
Крал на Израил | |
На престол | ок. 1012–1010 п.н.е. |
Претходник | Саул |
Наследник | Давид |
Роден(а) | ок. 1052 п.н.е. |
Починал(а) | ок. 1010 п.н.е. |
Татко | Саул |
Во библискиот текст, Авенир, капетан на војската на Саул, го прогласил Ишбошет за цар на Израел во Маханаим во Прекујордан (2 Самоилова 2:8), по убиството на таткото и браќата на Ишбошет во Битката кај Гилбоа (1 Самоилова 31:1). Ишбошет во тоа време имал 40 години и царувал две години (2 Самоилова 2:10).
Меѓутоа, по смртта на царот Саул, племето Јуда се отцепило од владеењето на Сауловиот дом прогласувајќи го Давид за негов цар (2 Самоилова 2:4) и настанала војна (2 Самоилова 2:12). Фракцијата на Давид на крајот преовладала против онаа на Ишбошет (2 Самоилова 3:1), но војната не завршила сè додека Авенир не му се придружил на Давид (2 Самоилова 3:6).
Пред смртта на Саул, Давид бил во брак со ќерката на Саул, Михала, сестрата на Ишбошет, сè додека Саул и Давид не се скарале, кога ја дал на друг маж.(1 Самоилова 25:44). Подоцна, на крајот на војната со Ишбошет, условите за мир на Давид барале да му се врати Михала, а Ишбошет ги исполнил барањата (2 Самоилова 3:14). По смртта на Авенир, се чини дека Ишбошет се откажал од надежта да ја задржи власта (2 Самоилова 4:1).
Двајца од капетаните на војската на Ишбошет, Рихав и Баана, го убиле соборениот цар (2 Самоилова 4:5), очекувајќи награда од Давид поради тоа. Меѓутоа, Давид одбил да ги пофали за велепредавство; ги погубил и двајцата убијци и им ги отсекле рацете и нозете. Поддржувачите на Давид ја закопале главата на Ишбошет во гробот на Авенир во Хеврон (2 Самоилова 4:12).
Во 2012 година, Израелската управа за антиквитети објавила дека археолозите откриле натпис стар 3.000 години на реконструирана голема керамичка урна пронајдена во Хирбет Кејафа, која го содржи името „Ешбаал бен Беда“. Иако овој Ешбаал е различна личност од Ешбаал/Ишбошет од Библијата, тоа бил првпат името да биде откриено во древен натпис. Тоа е еден од четирите хебрејски натписи што некогаш биле откриени и кои датираат од 10 век п.н.е.[2][3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.