![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/84/Uetersen_Klosterkirche_03.jpg/640px-Uetersen_Klosterkirche_03.jpg&w=640&q=50)
Итерзен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Итерзен (германски: Uetersen, порано познат како Итерзен (Холштајн) (Ütersen (Holstein))) — град во округот Пинеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 7 километри јужно од Елмсхорн и 30 километри северозападно од Хамбург на малата река Пинау, близу реката Елба. Претставува дел од метрополитенската област Хамбург. Исто така, градот претставува административно седиште на општинската заедница Хазелдорф, иако самиот град не е член на заедницата.
Кратки факти Земја, Местоположба на градот Итерзен во рамките на округот Пинеберг ...
Итерзен | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Пинеберг |
Градоначалник | Андреа Хансен (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 11,43 км2 |
Надм. височина | 1−18 м |
Население | 18.595 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 1.627 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | PI |
Пошт. бр. | 25436 |
Повик. бр. | 04122 |
Портал | www.uetersen.de |
Местоположба на градот Итерзен во рамките на округот Пинеберг | |
![]() | |
Координати | 53°41′14″N 9°40′9″E |
Затвори
Итерзен е дом на Розариум Итерзен, најстарата и најголема градина на рози во Северна Германија, создадена во 1929 година, поради што е познат како „град на розите и венчавките“.