Историја на Антарктикот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на Антарктикот произлегува од раните западни теории за огромен континент, познат како Непозната Јужна Земја или Terra Australis, за кој се верува дека постои на крајниот југ од Земјината топка. Терминот Антарктик, кој се однесува на спротивното од Северниот Поларник, бил измислен од Марин Тирски во 2 век од нашата ера.
Заокружувањето на ’Ртот на Добрата Надеж и ’Ртот Хорн во 15 и 16 век докажало дека Terra Australis Incognita („Непозната јужна земја“), доколку постоела, е континент сам по себе. Во 1773 година, Џејмс Кук и неговата екипа за прв пат го преминаа Јужниот Поларник; сепак, иако откриле блиски острови, не го здогледале самиот Антарктик. Се верува дека имал дури 240 километри од копното.
На 27 јануари 1820 година, руската експедиција предводена од Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен и Михаил Лазарев открила леден гребен на Брегот на Принцезата Марта која подоцна станала позната како Фимбулски Леден Гребен. Белингсхаузен и Лазарев станале првите истражувачи кои ја виделе и официјално ја откриле земјата на континентот Антарктик. Три дена подоцна, на 30 јануари 1820 година, британска експедиција, на чело со Едвард Брансфилд, го здогледала полуостровот Тринити, а десет месеци подоцна американскиот ловец Натаниел Палмер го здогледал Антарктикот на 17 ноември 1820 година. Првото слетување било веројатно нешто повеќе од една година подоцна, кога американскиот капетан Џон Дејвис, ловец на фоки, стапнал на мразот.
Неколку експедиции направиле обид да стигнат до Јужниот Пол на почетокот на 20 век, за време на „Херојското доба на истражувањето на Антарктикот“. Многу од нив резултирале со повреди и смрт. Норвежанецот Роалд Амундсен конечно стигнал до Полот на 14 декември 1911 година, по драматичната трка со Британецот Роберт Фалкон Скот.