Истанбул
From Wikipedia, the free encyclopedia
Истанбул (турски: İstanbul; низ историјата познат и како Византион, старогрчки: Βυζάντιον, латински: BYZANTIVM; Цариград, старогрчки: Κωνσταντινούπολις; Цариград, старословенски: Цѣсарьградъ) — најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 14.657.434[2] жители. Истанбул, исто така е велеград, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената покраина.[3] Градот е расположен на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија.
Најпознатите места во градот | |
Mестоположба | |
---|---|
Координати | |
Општи податоци | |
Име - изворно - други имиња |
Истанбул İstanbul (Истанбул) турски: İstanbul грчки: Κωνσταντινούπολις (Константинуполис) латински: Constantinopolis (Цариградис) |
Прво доселување | 667 п.н.е. |
Основан | Мегарски колонии Византиом |
Стари имиња | Византион Нов Рим Цариград Цариград или Стамбол |
Повикувачки број | (+90) 212 (Европска страна) (+90) 216 (Азиска страна) |
Портал | Istanbul Portal |
Управа | |
Земја | Турција |
Покраина | Истанбул |
Градоначалник | Екрем Имамоглу (Републиканска народна партија) |
Географија | |
Површина | 1.830,92 km² |
Клима | умерена, океанска и суптропска |
Население | |
Население | 15,067,724[1] (31 декември 2018) |
Густина | 2,820 ж./km² |
Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римско Царство (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинско Царство (1204-1261), и Отоманско Царство (1453-1922). Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година.[4]