From Wikipedia, the free encyclopedia
Искушението на Адам и Ева или Првородниот грев — слика од венецијанскиот сликар Тинторето која била насликана околу 1550 - 1553 година и која се чува во Галеријата на академијата во Венеција[1].
Творец | Тинторето |
---|---|
Година | 1566 |
Димензии | 150 см × 220 см |
Место | Галерија на академијата, Венеција |
Темата на сцената е библискиот пасус, од книгата Битие, од Првородниот грев извршен од Адам и Ева во рајската градина. Тинторето ги воведува ликовите според иконографската традиција. Постаментот е составен од камен ѕид со две нивоа. Адам седи на најдолниот дел, лево, а Ева, на малку повисокиот ѕид, од неговата десна страна. Во средиштето меѓу двете човечки фигури, прикачени на нискиот ѕид, е дрвото на спознанието на доброто и злото чиј плод Бог му рекол на првородениот да не го јаде. Ева, откако била измамена од ѓаволот во вид на змија со забранетиот плод во устата, се навалува кон Адам за да му го понуди плодот, со десната рака и телото потпрено на дрвото. Адам, со грбот кон гледачот и свртен кон Ева, има движење на отстапување, потпирајќи се на левата рака за да не падне. Тој го гледа овошјето со замислен и срамежлив став, но сепак на крајот ќе попушти.
Во заднината од десната страна, може да се види и протерувањето од рајот: ангелот со огнениот меч ги истерува Адам и Ева[2].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.