Исак
библиски лик, син на Авраам / From Wikipedia, the free encyclopedia
Исак (хебрејски: יִצְחָק = „оној што [ќе] се смее“) — вториот од тројцата еврејски патријарси (праотци) во Стариот завет. Според Библијата, родителите на Исак биле Авраам и Сара. Исак се споменува повеќе од 70 пати во Првата Мојсеева книга (Битие) и уште 33 пати во други книги од Библијата. Тој, исто така, се споменува во Куранот како исламски пророк.[1]
Кратки факти Исак, Роден(а) ...
Исак | |
---|---|
„Исак копа по бунарите“, нацртано o. 1900 год. | |
Роден(а) | Ханан |
Почивалиште | Махпела |
Познат(а) по | жртвување на Исак |
Сопружник | Ревека |
Деца | |
Родители | |
Роднини | Исмаил (полубрат) |
Затвори
Бог му заповедал на Авраам да го жртвува својот син за да ја испита неговата послушност. Кога видел дека ќе ја послуша заповедта, ја спречил жртвата и потоа го благословил Авраам. Исак се оженил со Ревека, со која имал два сина — Исав и Јаков. Тие веројатно живееле во околината на Бершева. Подоцна во животот, Исак бил речиси целосно слеп и починал на 180-годишна возраст.