![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/45/Flag_of_Ireland.svg/langmk-640px-Flag_of_Ireland.svg.png&w=640&q=50)
Ирска републиканска армија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ирската републиканска армија (ИРА) ( на ирски: Óglaigh na hÉireann [1]) била ирска републиканска револуционерна и воена организација. Настанала од организацијата Ирски доброволци, која била формирана на 25 ноември 1913 година и во април 1916 година го организирала Велигденското востание. Од страна на Ирското народно собрание (Dáil Éireann), Ирските доброволци биле признаени за легитимна војска на еднострано прогласената Република Ирска на Велигден во 1916 година.
![]() Ирска тробојка | |
Функционира | 1917 – 1922 |
Водач | Мајкл Колинс Еамон де Валера |
Цели | Ослободување на Ирска |
Подрачја | Ирска Британска Империја САД |
Идеологија | републиканизам |
Поважни дела | Ирска војна за незвисност |
Во текот на Ирската војна за незвисност, ИРА водела герилски поход против британските власти во Ирска.
ИРА се распаднала во 1922 година по потпишувањето на Англо-ирскиот договор. Членовите на ИРА кој го поддржувале примирјето ја создале војската на новосонованата ирска држава, која била зависна од Британската Империја. Меѓутоа, голем дел од борците на ИРА биле против договорот. Фракцијата која била против примирјето, се судрила со своите поранешни соборци и поддржувачи на договорот, со намера да создадат независна Ирска држава со Северна Ирска, како нејзин составен дел.