![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8e/Lockport_bartlett_color_crop.jpg/640px-Lockport_bartlett_color_crop.jpg&w=640&q=50)
Ири (канал)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каналот Ири е воден пат во Њујорк кој се простира 363 милји (584 км) од Албани на реката Хадсон до Бафало Њујорк до езерото Ири и претставува водена патека од Атлантскиот Океан до Големите езера. Каналот се состои од 36 брани. и опфаќа вкупна височинска разлика од 565 стапки (169 м). Првиот предлог беше даден во 1807 година, а започна да се гради од 1817 и заврши 1825 со официјалното отворање на 26 октомври 1825 година. Тоа беше првиот транспортен систем помеѓу источното крајбрежје (Њујорк) и западната внатрешност (Големите езера) за кој не беа потребни патно трошоци, беше побрзо од коли влечени од животни и ги намали патните трошоци за 95 %. Каналот доведе напредок за населението во државата Западен Њујорк ги направи и подалечните места достапни за населување и му помогна на Њујорк да стана главна порта за влез во САД. Тој беше проширен во период помеѓу 1834 и 1862 година. Во 1918 година проширениот канал беше заменет од поголемиот канал за бродови на државата Њујорк. Денес тој е дел од каналниот систем на државата Њујорк. Во 2002 година конгресот на САД го именуваше Ирскиот канален пат како Државно коридорно богатство за да ја признае државното значење на каналниот систем како најуспешна човечка изградба на воден пат и како најважна активност на цивилното инженерство во Северна Америка. Најпрвин беше користен само за рекреативни бродови за подоцна во 2008 да доживее развој.