From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународна организација на криминална полиција (на англиски: International Criminal Police Organization, на француски: Organisation internationale de police criminelle), подобро позната како Интерпол, е меѓународна организација која има за цел да ја олесни соработката помеѓу полициските сили во светот. Таа била основана во 1923 година под името Меѓународна комисија на криминална полиција (на англиски: International Criminal Police Commission).[1]
Буџетот на Интерпол изнесува околу 113 милиони евра, од кој поголемиот дел е обезбеден од годишните придонеси на полициските служби кои се нејзини членки. Нејзин актуелен Генерален секретар е Јурген Сток, поранешен заменик-шеф на Германската федерална полиција. Тој го замени местото на Роналд Нобл кој бил на таа позиција до ноември 2014 година по служба од вкупно 14 години.[2] Актуелен претседател на Интерпол е Менг Хонгвеј, заменик министер за јавна безбедност во Кина.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.