Интернационала
најпозната работничка химна / From Wikipedia, the free encyclopedia
Интернационалата (L'Internationale на француски) е најпозната работничка химна, која како своја ја прифаќаат социјалистите, комунистите и социјалните анархисти. Оригиналните француски стихови ги има напишано Ежен Потје во 1870 година. На почетокот Интернационалата се пееше на музика од Марселезата, но од 1888 година се пее на музика компонирана од Пјер Дегејтер.
Обично Интернационалата се третира како комунистичка химна, иако таа не е химна само на комунистите. Ваквата поврзаност во голема мера се должи на фактот дека по доаѓањето на комунистите по Октомвриската револуција од 1917 година на власт во Русија, Интернационалата беше прогласена за државна химна на Советскиот Сојуз. Така беше до 1944 година, кога Интернационалата престана да биде државна химна на СССР и стана партиска химна на Комунистичката партија на СССР.
Интернационалата е препеана на многу светски јазици, при што на некои јазици постојат повеќе нејзини препеви. Помеѓу различните препеви на Интернационалата постојат значителни разлики во текстот.