Институт за филозофија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Институтот за филозофија е една од најстарите студиски групи на Филозофскиот факултет - Скопје. Почнува да работи уште во 1920-тите години од, во рамките на тогашниот Факултет кој бил експозитура на Филозофскиот факултет во Белград. После Втората светска војна, на него се формираат и со него се развиваат доајените на современата македонска филозофија. Тоа се професорите: д-р Јонче Јосифовски, д-р Митко Илиевски и академик Георги Старделов. Наедно, во тој период, забележлива е работата на професорот Павао Вук Павловиќ од Загреб и на професорката Загорка Мичиќ од Белград.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |