![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/69/Food_Sundanese_Restaurant%252C_Jakarta.jpg/640px-Food_Sundanese_Restaurant%252C_Jakarta.jpg&w=640&q=50)
Индонезиска кујна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Индонезиската кујна е разновидна, делумно поради тоа што Индонезија е составена од околу 6.000 населени острови од вкупно 18.000 од најголемиот светски архипелаг.[1] Постојат многу регионални кујни, често засновани под културни и странски влијанија.[1] Регионално, индонезиската кујна варира во голема мера и подлежи под различни влијанија.[1][2][3]
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/69/Food_Sundanese_Restaurant%2C_Jakarta.jpg/640px-Food_Sundanese_Restaurant%2C_Jakarta.jpg)
Во текот на својата историја, Индонезија учествувала во трговијата, поради нејзината локација и природните ресурси. Покрај тоа, домородните техники и состојки на готвење на Индонезија биле под влијание на Индија, Блискиот Исток, Кина, и на Европа. Шпанските и португалските трговци произвеле Нов Свет произведи, дури и пред холанѓаните да го колонизираат поголемиот дел од архипелагот. Индонезиските острови на “Moluccas” (Малуку), кои се познати како "Спајс Острови", исто така придонеле за воведување на мајчини зачини (како што се каранфилче и морско оревче) за индонезиската и глобалната кујна.
Некои популарни индонезиски јадења како што се nasi goreng,[4] gado-gado,[5][6] sate,[7] and soto[8] се јадат насекаде во земјата и сметаат за индонезиски национални јадења.
Суматранската кујна, на пример, често има влијание од Блискиот Исток и Индија, каде многу се употребува зачинето месо и зеленчук, како што се гулаи и кари и е се поавтохтона со јаванската кујна. Кујната од Источна Индонезија е слична на полинезиската и меланезиската кујна. Состојки од кинеската кујна може да се видат и во индонезиската кујна: храната како “Bakmi” (тестенини), “Bakso” (топки месо или риба) и “Lumpia” (ролни) се целосно асимилирани.
Некои популарни јадења, кои потекнуваат од Индонезија сега се заеднички со поголемиот дел на Југоисточна Азија. Индонезиските јадења како што се “Satay”, “Beef rendang” и “Sambal” се омилени во Малезија и Сингапур. Јадењата засновани на соја, како варијации на “Tofu”(Tahu) и “Tempe”, се исто така многу популарни. “Tempe” се смета за јавански изум, локална адаптација на ферментација и производство на храна заснована на соја. Друга ферментирана храна е “Oncom”, на некој начин слична на “Tempe” но со користење на различни бази (не само соја), создадени од различни габи, кои се особено популарни во Западна Јава.
Индонезиските оброци најчесто се јадат во комбинација на лажица во десната рака и виљушка во левата рака (да се стави храната во лажицата), иако во многу делови на земјата, како што е Западна Јава и Западна Суматра, се јаде само со раце. Во ресторани или домаќинства каде најчесто се користат раце при јадење, како морската храна “Foodstalls”, храната во традиционалните сундански ресторани, или храната во источено јаванските ресторани “Pecel lele” (пржен сом ) и “Ayam goreng” (пржено пилешко), храна од тезги, тие обично се служат во “Kobokan”, со сад за вода, со парче лимон во него, за да им даде свеж мирис. Оваа чаша вода не треба да се конзумира, сепак таа се користи за да се измијат рацете, пред и по јадење. Јадењето со стапчиња генерално може да се најде само на тезги или ресторани каде служат Индонезиски адаптации на кинеска кујна, како што “Bakmie” или “Mie ayam” (пилешкo) “ Pangsit” (wonton),” Mie goreng “(пржени тестенини) и “ Kwetiau goreng” (тестенини со пржен рамен ориз).