Илузија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Илузија или мамка — претставува изобличување на сетилата и открва како мозокот нормално ја организира и толкува сетилната стимулација. Иако илузиите лажно ја претставуваат реалноста и многумина најчесто го имаат истото мислење за нив, тие за разлика од визијата можат да настанат со повеќе човечки сетила, но визуелните илузии и оптичките илузии се најпознати и најразбрани. Нагласувањето на визуелните илузии се случува поради тоа што визијата доминира почесто од другите сетила. На пример, поединци гледајќи вентрилоквист ќе согледаат дека гласот доаѓа од марионетата, бидејќи можат да видат како зборува нејзината уста. Некои илузии се засновани на општи претпоставки што мозокот ги прави за време на перцепцијата. Овие претпоставки се направени според организирани принципи, како Гесталт, способноста на поединецот за длабока, телесна перцепција и перцептивна постојаност. Другите илузии се случуваат поради биолошката структура на сетилата во човечкото тело или поради надворешните услови во една физичка средина. Терминот илузија се однесува на специфична форма на изкривување на сетилата. Спротивно од халуцинацијата, која е искривување во отсуство на стимуланс, илузијата го опишува погрешното толкување на реалната ситуација. На пример, слушањето гласови без оглед на животната средина би било халуцинација, меѓутоа слушање гласови претворени во звук на вода која тече (или некој слушен извор) би претставувало илузија. Мимиките се познати по репертоарот на илузииите кои се создадаваат со физички средства. Мимичарот создава илузија на глума или глуми брз непостоечки објекти. Овие илузии ги употребуваат претпоставките на публиката за физичкиот свет. Добро познати примери се:ѕидови, скали за качување, тегнење и туркање, скали за симнување, наведнување итн.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |