From Wikipedia, the free encyclopedia
Избори за Уставотворно собрание биле одржани во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците на 28 ноември 1920 година. На изборите победила Демократската партија, освојувајќи 92 пратенички места од вкупно 419.[1]
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сè додека не бил донесен Уставот на Кралството СХС, во секојдневната политичка пракса владата се повикувала на поедини решенија од Уставот на Кралството Србија. Државноправниот провизориум е резултат на фактот што уставотворното собрание сѐ уште не донело нов устав за новата обединета држава. Општо изборно право било предвидено со Крфската декларација кое претходно постоело во Србија. На подрачјето на Кралството СХС биле наследени шест различни законодавства (србијанско, црногорско, турско, австриско, унгарско и законодавството на просторот на Босна и Херцеговина).
Додека Демократската партија била на власт, на кралот му бил доставен Указ со кој му било предложено распуштање на Привременото народно претставништво и распишување на избори за Уставотворно собрание. Кралевото одбивање да ги исполни барањата од Указот довело до оставка на Давидовиќ. Во текот на мандатот на Весниќ конечно биле решени споровите со соседните држави, со што дефинитивно биле решени утврдените граници на Кралството. Тоа било предуслов за создавање на изборни единици. Официрите, подофицирите и војниците немале право на глас. Право на избор имал секој маж со навршени 21 година, државјанин на Кралството кој најмалку 6 месеци престојувал во општината каде што живеел. Поради големиот број на неписмени, се гласало со куглици.
Партија | Гласови | % | Пратеници |
---|---|---|---|
Југословенска демократска партија | 319,448 | 19.9 | 92 |
Народна радикална партија | 284,575 | 17.7 | 91 |
Хрватска народна селанска партија | 230,590 | 14.3 | 50 |
Комунистичка партија на Југославија | 198,736 | 12.4 | 58 |
Сојуз на земјоделци-Самостојна селанска партија[a] | 151,603 | 9.4 | 39 |
Југословенска муслиманска организација | 110,895 | 6.9 | 24 |
Словенечка народна партија | 58,971 | 3.7 | 14 |
Буњевачко-шокачка партија–Хрватска народна партија[b] | 52,333 | 3.3 | 13 |
Југословенска социјалдемократска партија | 46,792 | 2.9 | 10 |
Хрватска земјоделска партија | 38,400 | 2.4 | 7 |
Џемиет | 30,029 | 1.9 | 8 |
Хрватска заедница | 25,867 | 1.6 | 4 |
Републиканска партија | 18,136 | 1.1 | 3 |
Хрватска партија за права | 10,880 | 0.7 | 2 |
Анте Трумбиќ | 6,581 | 0.4 | 1 |
Народно-социјалистичка партија | 6,186 | 0.4 | 2 |
Либерална партија | 5,061 | 0.3 | 1 |
Други | 12,118 | 0.7 | 0 |
Вкупно | 1,607,265 | 100 | 419 |
Регистрирани гласачи/излезност | 2,480,623 | 64.9 | – |
Извор: Nohlen et al. |
a Од 39 места добиени од Сојузот на земјоделци-Самостојна селанска партија, 30 биле освоени од Сојузот на земјоделци и 9 од Самостојната селанска партија.
b Од 13 места добиени од Буњевачко-шокачка партија-Хрватска народна партија, 9 биле освоени од Хрватската народна партија и 4 од Буњевачко-шокачката партија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.