From Wikipedia, the free encyclopedia
Иван Николаевич Крамској (рус. Иван Николаевич Крамской; 8 јуни 1837 - 6 април 1887) — руски сликар и критичар на уметноста. Бил интелектуален водач на руското движење за демократска уметност 1860-1880.
Се родил во сиромашно ситно буржојско семејство. Од 1857 до 1863 учел во Императорската академија на уметностите во Санкт Петербург; бил противник на академизмот, и бил иницијаторот на т.н. „востание на четиринаесетте“ кое довело до истерување на дипломците од академијата, оние кои го организирале Артелот на уметниците („Артель художников“).
Под влијание на идеите на руските револуционерни демократи, Крамској бил поборник за големата должност на уметникот кон јавноста, принципите на реализмот, поучната содржина и националноста на уметноста. Станал еден од основачите и главни идеолози на Дружината на подвижни уметнички изложби (Передвижници). Во 1863-1868 предавал во цртачка школа при друштво за поддршка на применетата уметност. Создал галерија на портрети на најголемите руски писатели, научници, уметници и јавни личности (портрети: Лав Николаевич Толстој, 1873, Иван Шишкин, 1873, Павел Михајлович Третјаков, 1876, Михаил Салтиков-Шчедрин, 1879, - сите во Третјаковската галерија; портрет на Сергеј Боткин, 1880 - приватна збирка, Москва) во кој експресивната едноставност на композицијата и јаснотијата на облиците го нагласуваат битот на проникливите психолошки одлики. Демократските погледи на Крамској дошле највеќе од израз со портетите на селаните, кои рефлектираат искрени квалитети и вантрешните предности на поединецот. Важна негова слика е „Христос во пустината“ (1872, Третјаковска галерија).
Во продолжение на хуманистичката традиција на Александар Андреевич Иванов, Крамској ги гледал верските дејствија од поучна и филозофска перспектива. Христос е прикажан во драматични доживувања, со длабоки психилошки толкувања, и идеајата на херојската самопожртвуваност. Стремејќи се кон раст во идеолошка издршка на сликите, Крамској создавал уметност чие место е помеѓу портретот и тематската слика („Н. А. Некрасов во периодот на 'Последните песни'“ , 1877-78, „Непозната“, 1883, „Неутешно на планината“, 1884, - сите во Третјаковската галерија). Делата се раликуваат по интерес за откривање на комплексни искрени движења, карактери и судбини.
Демократската ориентација на неговата уметност, неговите остри критички ставови за уметноста, и настојчивите иследувања на објективните јавни критериуми за оценка на уметноста и влијанијата на неа било од клучно значење за развојот на демократската уметност и идеологии во Русија во последната третина од XIX век.
„Иван Крамској“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.