Иберски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Иберскиот е исчезнат јазик кој, според старогрчките и римски сведоштва, се зборувал во источните и југоисточните предели на Пиринејскиот Полуостров. Старите Ибери може да се сметаат за месна култура која постоела меѓу VII и I век п.н.е. Иберскиот јазик, како и останатите палеохиспански јазици освен баскискиот, исчезнале до I или II век. Народите биле постепено латинизирани. Се претпоставува дека иберскиот бил јазичен изолат. Неговото писмо било дешифрирано до различни фази и така јазикот е општо гледано непознат.
Кратки факти Иберски јазик, Застапен во ...
Иберски јазик | |||
---|---|---|---|
Застапен во | денешни Шпанија и Франција | ||
Подрачје | средоземното крајбрежје на Пиринејскиот Полуостров | ||
Изумрен | 1–2 век | ||
Јазично семејство | |||
Јазични кодови | |||
ISO 639-3 | xib | ||
Linguist | xib | ||
|
Затвори