From Wikipedia, the free encyclopedia
45°15′18″N 30°12′15″E Змиски Остров (грчки: Φιδονήσι, романски: Insula Șerpilor, украински: Зміїний, руски: Змеиный — остров кој се наоѓа во Црното Море, во близина на делтата на Дунав.
Познат и како Острів Зміїний | |
---|---|
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value | |
Географија | |
Место | Црно Море |
Координати | 45°15′N 30°12′E |
Површина | 0,17 км2 |
Должина | 0,662 км |
Ширина | 0,440 км |
Највисоко место | 41 м |
Највисока точка | N/An |
Држава | |
Украина | |
Демографија | |
Население | околу 100 |
Островот е населен. Рурална населба Биле била основана во февруари 2007 година.
Островот бил дел од пограничниот спор помеѓу Романија и Украина во 2004-2009 година. Територијалните граници на континенталниот праг околу Змискиот Остров биле обележани од страна на Меѓународниот суд на правдата во 2009 година[1].
Координатите на островот се 45°15′18″N 30°12′15″E. Островот има форма на буквата Х, и има површина од 0.205 км2. Највисоката област е 41 метри над нивото на морето. Островот нема истакната планина, туку има наклон со рид.
Најблиската крајбрежна локација на островот е островот Кубански на украинскиот дел од делтата на Дунав, кој се наоѓа на 35 километри од каналот Бистро и каналот Схидни. Најблискиот романски крајбрежен град, Сулина, е оддалечен 45 километри. Најблизок украински град е Вилкове, со оддалеченост од 50 километри. Постои и пристаниште Уст-Дунаиск, со оддалеченост од 44 километри од островот.
Кон крајот на 2011 година, во крајбрежните води на островот, 58 видови риби (од кои 12 се вклучени во Црвената Книга на Украина[2]) и шест видови ракови биле забележани. Претседателскиот декрет од 9 декември 1998 година, број 1341/98, ги прогласил островските и крајбрежните води како државно заштитено подрачје. Вкупната заштитена област опфаќа територија од 232 хектари.
Околу 100 жители живеат на островот, најчесто припадници на граничната полиција со нивните семејства и техничкиот персонал. Во 2003 година, по иницијатива на Националниот Универзитет Одеса, била основана станицата за истражување каде секоја година научниците и студентите од универзитетот спроведуваат истражувања за локалната фауна, флора, геологија, метеорологија, атмосферска хемија и хидробиологија.
Островот во моментов е демилитаризиран и под брз развој. Во согласност со договорот помеѓу Романија и Украина од 1997 година, украинските власти се повлекле разрушувајќи го воениот радар и ја пренеле целата друга инфраструктура на цивилите. На крајот, меѓународните односи меѓу Романија и Украина се влошиле кога Романија се обидела да потврди дека островот не е ништо повеќе од камен во морето. Во февруари 2007 година, Врховната Рада одобрила воспоставување на рурална населба како дел од градот Вилкове, кој се наоѓа на оддалеченост на устието на Дунав.
Во прилог на хеликоптерска платформа, во 2002 година бил изграден столб за бродови со нацрт до 8 метри и во тек е изградбата на пристаништето. Островот се снабдува со опрема за навигација, вклучувајќи и 150-годишен светилник. Електричната енергија е обезбедена од двојната сончева и електрична централа. Островот, исто така, има соодветно развиена инфраструктура, како што е станицата за морски истражувања, пошта, банка (филијала на Украинската банка „Авал“), станицата за прва помош, телевизиски услужник, телефонска мрежа, мобилна телефонска кула и интернет врска. Поголемиот дел од градежните објекти се наоѓаат или во средината на островот од страна на светилникот или на североисточниот дел на островот.
На островот нема извор на свежа вода[3].
Светилник Змиски Остров | |
---|---|
Mаяк | |
Светилникот во 1896 година. | |
Општи податоци | |
Град | Биле |
Земја | Украина |
Надм. височина | 40 метарs (130 ст) |
Завршена | пролет 1842 |
Висина | 12 метарs (39 ст) |
Проектирање и изградба | |
Главен изведувач | Црноморска флота |
Светилникот бил изграден во есента 1842 година од страна на Црноморската флота на Руската Империја. Светилникот е осумаголна градба со височина од 12 метри, кој се наоѓа во близина на највисокото подрачје на островот, на 40 метри над морското ниво. Светилникот бил изграден на местото на претходно уништениот храм на Ахил е во непосредна близина на зградата за домување. Остатоците од грчкиот храм биле пронајдени во 1823 година.
Како што технологијата на светилникот напредувала, во 1860 година нови светилки за светилникот биле купени од Англија, а една од нив била инсталирана во 1862 година. Во раните 1890-ти години била инсталирана нова керозинска светилка со опрема за ротирање на лампи и рамни леќи, која ја подобрила видливоста на светилникот до 32 километри. Светилникот бил уништен или оштетен во Првата светска војна. Потоа бил повторно изграден.
Светилникот бил силно оштетен и за време на Втората светска војна од страна на советските воздухопловни сили и германските сили и повторно бил обновен на крајот од 1944 година. Во 1949 година бил дополнително реконструиран и опремен од Црноморската флота. Светилникот дополнително бил надграден во 1975 и 1984 година. Во 1988 година бил инсталиран нов радио-светилник „КПМ-300“ со опсег на радио сигнали од 240 километри.
Во август 2004 година, светилникот бил опремен со радио-светилник „Јантар-2М-200“, кој обезбедува диференцијален корекциски сигнал за ГПС и ГЛОНАСС.
Островот бил именуван од Грците како Леукос (грчки: Λευκός, или во превод „Бел остров“), а Римјаните го нарекувале Алба, веројатно поради белите мермерни формации што можат да се најдат на островот. Островот на Ахил бил главното светилиште на ахајскиот јунак, каде што „морските птици ги натопувале своите крилја во вода за да ги исчистат храмовите“, според Константин Д. Киријазис. Неколку храмови на Аполон можат да се најдат тука, а постојат и потопени урнатини.
Според Арктин, телата на Ахил и Патрокле биле донесени на овој остров од страна на Тетида, за да бидат ставени во светилиште. Урнатините за кои се верува дека се од храм посветен на Ахил, биле откриени од страна на рускиот поморски капетан Н.Д.Крицки во 1823 година, но потоа изградбата на светилникот на самата локација ги избришала сите траги од неа[4]. Овидиј го спомнува островот, како и Птоломеј и Страбон[5] . Островот е опишан во Природознание од Плиниј. Исто така, тој е опишан во едно писмо на Аријан до царот Адријан, историски документ на кој Маргерит Јурсенар во своите мемоари се потпира.
На островот се пронајдени неколку антички натписи, вклучувајќи го и декретот Олбија од 4 век п.н.е.
Грците за време на Отоманското Царство го преименувале островот во Фидониси (грчки: Φιδονήσι), а островот го дал своето име во поморската битка кај Фидониси, која се одвила меѓу отоманската и руската флота во 1788 година, за време на Руско-турската Војна од 1787-1792.
Во 1829 година, по Руско-турската војна од 1828-1829, островот станал дел од Руското Царство до 1856 година.
Во 1877 година, по Руско-турската војна од 1877-1878 година, Отоманското Царство го дала островот и северниот дел на Добруџа на Романија, како надомест за руската анексија на романскиот регион Бесарабија.
Како дел од романскиот сојуз со Русија, Русите управувале со безжичната станица на островот, која била уништена на 25 јуни 1917 година, кога била бомбардирана од страна на турскиот крстосувач Медили. Светилникот (изграден од Мариус Мишел-паша во 1860) исто така бил оштетен и евентуално уништен[6].
Договорот од Версај од 1920 година го потврдил островот како дел од Романија. Светилникот бил повторно изграден во 1922 година.
Островот, под контрола на Романија за време на Втората светска војна, претставувал локацијата на радио станица што ја користеле Силите на Оската. Одбраната на островот главно се состоела од неколку против-воздушни митралези од 122 мм и 76 мм, заробени од Русите.[7] Романскиот морски вод за одбрана на островот, исто така, бил опремен со две 45-милиметарски крајбрежни митралези, две 37-милиметарски противвоздушни митралези[8].
Првата поморска акција се случила на 23 јуни 1941 година, кога советските сили го нападнале островот[9]. На 9 јули 1941 година, советските сили се приближиле до островот, но не направиле никакви воени дејствија[10]. На 7 септември 1941 година, пет советски подморници спровеле патрола во близина на островот[11]. На 1 декември 1942 година, советскиот крстосувач Ворошилов бил оштетен од романските сили, но тој успеал да се врати назад. За време на краткото бомбардирање, биле погодени радио станицата, касарната и светилникот на островот, но без значителни човечки загуби[12][13][14][15][16]. На 11 декември 1942 година, советската подморница Shch-212 потонала од романско минско поле близу островот, заедно со целиот нејзин екипаж од 44 лица[17][18][19]. Советската подморница М-31 исто така потонала во близина на островот на 17 декември[20][21].
На 25 август 1943 година, два романски моторни чамци забележале советска подморница во близина на островот и ја нападнале, но таа успеала да побегне[22].
Кампањата конечно завршила кога романските маринци биле евакуирани од островот и советските трупи го окупирале на 29-30 август 1944 година[23][24].
До 1948 година, Змискиот Остров бил дел од Романија. На 4 февруари 1948 година, за време на разграничувањето на границата, Романија и Советскиот Сојуз потпишале протокол. Романија ја оспорил валидноста на овој протокол, бидејќи никогаш не бил ратификуван од ниту една од двете земји.
Истата година, во 1948 година, за време на Студената војна, на островот бил изграден советски радарски столб (како за поморски така и за воздухопловни цели).
Поседувањето на островот од Советскиот Сојуз било потврдено во Договорот меѓу Владата на Народна Република Романија и Владата на Сојузот на Советските Социјалистички Републики на 27 февруари 1961 година. Помеѓу 1967 и 1987 година, СССР и романската страна преговарале за разграничување на континенталниот праг. Романската страна одбила да прифати руска понуда од 4000 км2 до 6000 км2 околу островот во 1987 година.
По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Украина ја наследила контролата над островот. Голем број романски партии и организации постојано тврделе дека островот треба да биде вклучен кон нејзината територија. Според романската страна, во мировните договори од 1918 и 1920 година (по Првата светска војна), островот се сметал за дел од Романија, и тоа не било споменато во договорот за промена на границата помеѓу Романија и Советскиот Сојуз од 1947 година.
Во 1997 година, Романија и Украина потпишале договор во кој двете држави „повторно потврдуваат дека постоечката граница меѓу нив е неповредлива и поради тоа, ќе се воздржат, сега и во иднина, од какви било обиди против границата, како и од какво било барање, или чин, окупирање и узурпација на дел или на целата територија на островот“. Сепак, двете страни се согласиле дека ако не може да се постигне резолуција за поморските граници во рок од две години, тогаш двете страни можат да одат и да се жалат пред Меѓународниот суд на правдата за да бараат конечна одлука.
Во 2008 година, дванаесет украински погранични стражари загинале кога нивниот хеликоптер летал од Одеса кон островот[25].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.