Златна копачка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Златна копачка е признание кое од 1968 година се доделува на стрелецот со најголем број постигнати голови во европските национални првенства, без обзир на бројот на одиграни натпревари. Наградата не е доделена од 1992 до 1996 година поради протестот на Фудбалска федерација на Кипар во 1991 година. Првенствено, организаторот на целосниот спектакл бил Францускиот весник Франс Фудбал, а спонзор Адидас. Од 1997 година наградата се доделува со здружение на Европските спортски медиуми - ЕСМ, а победникот се одредува со помош на коефициентот и тоа за најјаките пет лиги по број на голови кои се множат со 2, за лигата од 6 до 21 место на коефициент е 1,5, а за лигата од 22 места 1.