Зимски дворец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зимскиот дворец (од руски: Зи́мний дворе́ц), Санкт Петербург, Русија била официјалната резиденција на руските владетели, од 1732 до 1917 година. Сместена помеѓу кејот и плоштадот на дворецот, соседна на поранешната локација на Зимскиот дворец од Петар Велики, денешната и четврта Зимски дворец била изградена и изменувана при крајот на 1730 и 1837 година, кога тешко била оштетена во пожар и непосредно обновена. Наводниот напад на дворецот во 1917 година, насликан во Советските слики и прикажан во филмот на Сергеј Ејзенштејн Октомври (1927 година), стана ироничен симбол на Руската револуција.
Дворецот била конструирана во огромен размер со цел да ја одразува власта и силата на Царска Русија. До крајот на 19 век од дворецот царот владеел со преку 22.400.000 км (речиси 1/6 од Земјината маса) и со преку 125 милиони жители. Дворецот била изградена од многу архитекти, особено од Бартоломео Растрели, во Елизабетски барокен стил. Зелено-белата дворец има форма на издолжен правоаголник а нејзината првична предна страна е долга 250 метри и 100 стапки (30 метри) висока. Зимскиот дворец има 1,786 врати, 1,945 прозорци, 1,500 соби и 117 скалила. При обнвувањето во 1837 година надворешноста остана недопрена, но големи делови од внатрешноста биле одново дизајнирани во различни вкусови и стилови, назначувајќи ја дворецот како „дворец од 19 век инспирирана од модел во Рокококо стил„. Во 1905 година се случил масакарот Крвава недела каде што протестантите марширале кон Зимскиот дворец, но дотогаш царската фамилија веќе одлучила да живее во посигурната и поизолираната Александровскиот дворец во Царско Село, и се враќале во Зимскиот дворец само за најформалните и ретки државни прилики. По Февруарската револуција во 1917 година, краток период дворецот била седиште на Руската привремена влада, водена од Александар Керенски. Подоцна во истата година, војници и морнари од Црвената Армија ја нападнала дворецот – важен момент во раѓањето на советската држава. Едномесечниот грабеж во палатските винарски визби за време на овие немирни времиња доведе до она што се опишува како „најголемиот мамурлак во историјата“. Денес, зачуваната дворец е дел од комплексот згради, место каде што се наоѓа музејот Ермитаж.