From Wikipedia, the free encyclopedia
Земјоделството на Инките била една од најважните гранки во општеството од кое зависело населението. Плодноста на почвата во Империјата вила голема, со голема влажност и добра обработка. Со адаптирањето на претходно стекнатите техники во новите земјоделски средини им овозможувало голем профит и со тоа производство во нови земјоделски средини. Овие земјоделски достигнувања не би биле достигнати без работна сила. Овие технологии биле многу успешни, па дури и денес некои од нив се користат[1][2].
Инките немале припитомени домашни животни кои би биле погодни за обработка на земјата, па така тие се осврнувале на алатките. Овие алатки и работната снага на луѓето биле добро прилагодени на ридските предели на Андите и на ограничените обработливи платформи. Меѓу позначајните алатки биле:
Полјоделството во Империјата било проследено со ритуали, песни и жртвувања. Тимови од седум или осум мажи, придружени со ист број жени, би работале во линии за да ги подготват полињата. Мажите користеле рачни рала (плугови) за копање на земјата. По мажите следеле жените кои саделе семиња. Оваа работа била често проследена со песни и славење. Според едни записи, шпанските свештеници ги прилагодиле песните за црковни потреби бидејќи многу им се допаднале.[5]
Инките користеле неколку видови ѓубрива за наѓубрување на обработливите површини. Во крајбрежниот регион, мали риби, како што се сардините, биле закопувани со пченка така што се забрзувал растот на растението. Овој процес бил забележан на ѕидовите на храмот Пачакамак, каде биле прикажани мали пченки кои растат од риба. Покрај рибите, во крајбрежниот регион се користело и гвано, кое всушност е отпадокот создаден од големиот број крајбрежни птици. Во остатокот од империјата, луѓето користеле природно ѓубриво добиено од домашните животни и паднати листови од дрвата.
Обработливата земја во Империјата била поделена на три дела: еден дел бил за аристократијата, друг дел бил за верските водачи и свештеници и последниот дел бил за самите фармери, кои пак ги обработувале сите три дела, но само еден бил за нив. Главни растенија кои биле сеани се: киноа, компир и пченка.[6]
Фармерите морале да се справуваат со тешките предели на Андите, па така, обработливата земја се наоѓала во тесните долини меѓу планините. Додатно на нив, имало и обработливо земјиште на висорамнините, но поради високата надморска височина и студеното време, земјиштето не било многу погодно. За потребите на земјоделството, Инките користеле неколку андски техники за одгледување растенија. Некои од техники биле:
Земјоделството и добитокот биле главни стопански гранки во Тавантинсују. Населението кое живеело на Андите припитомиле и одгледувале различни видови производи под различни видови природни услови, а при приспособувајќи се совршено за своите потреби. Главните земјоделски производи кои биле одгледувани биле компирот, пченката, грав итн. Компирот имал неколку видови и можел да се приговува на различни начини. Пченката била одгледувана за аристократијата, војската и за религиските водачи. Денес се проценува дека Инките одгледувале над 70 видови растенија.
Знаењето за водни канали, било од голема корист за наводнување на културите, особени на пченката. Перуанскиот брег е познат по големите пустински предели во кои течат реки со извор во Андите. Реките помогнале за развивање на земјоделството во Империјата. Земјоделците од крајбрежјето биле речиси најсовршени од целата Империја бидејќи имале најсовремени методи за наводнување, особено тоа е карактеристично за културите Моче и Чиму. Во Куско, двете реки преку канали биле пренасочени да течат низ градот и така биле изградени мостови. Како добар пример за тоа како се користела водата во планинските предели се каналите во Кахамарка. Водата и каналите имало огромно значење за народот и тие се присутни и во митологијата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.