Земјини полутопки
половински одделок на Земјата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Во географијата и картографијата, полутопките на Земјата се секоја поделба на земјината топка на две еднакви половини (полутопки или хемисфери), обично поделени на северна и јужна половина со екваторот или на западна и источна половина со замислена линија што минува низ половите. Хемисферите може да се поделени според: географски, културни, религиозни или врз основа на други географски одлики. Ваквата поделба на Земјата е од суштинско значење за проучувањето на Земјата, културните разлики и други географски одлики.[1]