Здравцовидните (науч. Geraniales) се мал ред на цветни растенија во рамките на розидната подгрупа дикотиледони. Најголема фамилија во редот се Здравците (Geraniaceae) со над 800 видови. Останатите фамилии се помали, и вкупно учествуваат со помалку од 40 видови. Највеќето членови на редот се билни, но има и бали грмушки и дрвја.

Кратки факти Здравцовидни, Научна класификација ...
Здравцовидни
Thumb
Geranium palustre
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Здравцовидни
Dumort., 1829
Фамилии (APG III)

Здравци
Медници
Вивијании

Затвори

Родот има мала стопанска важност. Некои видови од родот сардела (Pelargonium) се одгледуваат како украсни растенија и поради мирисливото масло. Истото важи и за повеќе видови од фамилијата Здравци.

Класификација

Новата класификација APG III (2009) ги сведува Здравцовидните на три фамилии, припојувајќи ја Ledocarpaceae кон Вивијаниите (Vivianiaceae)

  • фамилија Здравци (Geraniaceae])
  • фамилија Медници (Melianthaceae)
  • фамилија Вивијании (Vivianiaceae) (вклуч. Ledocarpaceae)

Во постариот Кронквистовиот систем, Здравцовидните имаат поинаков состав:

  • фамилија Здравци (Geraniaceae)
  • фамилија Киселици (Oxalidaceae)
  • фамилија Лимнанти (Limnanthaceae)
  • фамилија Лазибубиња (Tropaeolaceae)
  • фамилија Воденки (Balsaminaceae)

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.