Затемнување на Месечината во јули 2018 година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Целосното затемнување на Месечината на 27 јули 2018 г. се случило кога Месечината минала низ средиштето на Земјината сенка. Ова е прво средишно затемнување на Месечината од 15 јуни 2011 г. Претставува второто целосно затемнување на Месечината во 2018 г. по она во 31 јануари.
целосно затемнување | |||||||||||||||||
Целосно затемнување гледано од Орија, Италија 21:09 ч. UTC | |||||||||||||||||
Месечината минала низ средиштето на Земјината сенка. | |||||||||||||||||
Датум | 27 јули 2018 | ||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гама | +0,1168 | ||||||||||||||||
Величина | 1,6087 | ||||||||||||||||
Траење | |||||||||||||||||
Целосност | 102 м, 57 с | ||||||||||||||||
Делумност | 234 м, 32 с | ||||||||||||||||
Полусенченост | 373 м, 48 с | ||||||||||||||||
| |||||||||||||||||
← јануари 2018 јануари 2019 → |
Затемнувањето се случило кога Месечината била на најголема далечина од Земјата, поради што таа изгледала помала од вообичаено (појава наречена микромесечина),[1][2] и има најмала брзина во орбитата околу Земјата.[3] Ова е најдолготрајното целосно затемнување на Месечината во целиот XXI век.[3] Целосната затемнетост траела 1 час и 43 минути,[4][5][6][7] што е само малку покусо од теоретската граница од 1 час и 47 минути.[8] Месечината останала барем делумно во Земјината сенка четири часа.[8]
Истовремено на ова затемнување, планетата Марс била на најмала можна оддалеченост од Земјата — совпаѓање кое се случува еднаш на 25.000 години.[6]