Замок Бран
замок / From Wikipedia, the free encyclopedia
Замокот Бран (романски:Castelul Bran, германски: Törzburg, унгарски: Törcsvár), кој се наоѓа близу Бран и во близина на Брансов, е национален споменик и симбол во Романија. Тврдинта се наоѓа на границата помеѓу Трансилванија и Валачја на DN73. Општо познат како „Замокот на Дракула“ (иако е една од неколкуте локации поврзани со легендата за Дракула, вклучувајќи го замокот Поенари и замокот Хунјад), се продава како дом на номиналниот лик Дракула од Брам Строкер. Сепак, нема докази дека Строкер знаел нешто за овој замок, којшто е поврзан само со ликот на Влад III, војводата од Валачја, наводната инспирација за Дракула. Според германскиот автор Ханс Корнел де Рос, локацијата којашто Брам Строкер ја имал предвид за замокот на Дракула за време на пишувањето на овој роман бил празен планински врв, врвот Изворул Калиманулуј, кој е висок 2,033 метри сместен во трансилванските Келемен Алпи близу поранешната граница со Молдавија.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Денес замокот е музеј отворен за туристи со изложени уметнички дела и мебел собрани од кралицата Марија. Туристите можат да ја видат внатрешноста поединечно или со водич. На подножјето на ридот има музеј на отворено каде што се изложени традиционални романски примитивни градби од цела земја (колиби, штали итн.).