Заедничка негација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Логичко нили или заедничка негација — оператор во Буловата логика кој дава резултат спротивен од логичкото или. Т.е. (не или), p НИЛИ q е точно само кога и p и q се неточни.
Овој оператор се нарекува и Вебова опеарација или Парсова стрелка, именувана по Чарлс Парс кој покажал дека секоја логичка операција може да се изрази по пат на НИЛИ. Така, како и НИ операторот, НИЛИ може да се користи сам, без било кој друг логички оператор, за да сочини логички формален систем (така НИЛИ е функционално потполен). Познат е и како Квајнов бодеж.