Задновенечна согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Задновенечни согласки (посталвеоларни) се согласки што се создаваат кога јазикот е близу до или го допира задниот дел на забниот венец, поназад во устата од венечните согласки (кои се создаваат на самиот венец), но не понапред од тврдото непце (кајшто се создаваат преднонепчените согласки). Задновенечни согласки во македонскиот јазик се ш, ч, ж, џ [ʃ] [tʃ] [ʒ] [dʒ].
Места на творба |
---|
Уснени |
Двоуснени |
Уснено–заднонепчени |
Уснено–преднојазични |
Усненозабни |
Забноуснена |
Двозабни |
Преднојазични |
Јазичноуснени |
Меѓузабни |
Забни |
Забно-венечни |
Венечни |
Задновенечни |
Заднонепчено-венечни |
Свиени |
Среднојазични |
Задновенечни |
Венечно-преднонепчени |
Преднонепчени |
Уснено-преднонепчени |
Заднонепчени |
Ресични |
Ресично-надгласилни |
Заднојазични |
Голтнички |
Надгласилно-голтнички |
Надгласилни |
Гласилни |
Облик на јазикот |
Врвнојазични |
Рамнојазични |
Подјазични |
Странични |
Преднонепчени |
Голтнички |
Поврзано: Начин на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [[:en:International Phonetic Alphabet#Special characters|[Помош]]] |
Постојат многу разни видови на задновенечни гласови, особено меѓу шушкавите согласки. Трите главни вида се преднонепчено-задновенечните (на пр. [ʃ ʒ], слабо омекнати); венечно-преднонепчените (на пр. [ɕ ʑ], многу омекнати); и свиени (на пр. [ʂ ʐ], неомекнати). Преднонепчено-задновенечните и венечно-преднонепчените во фонологијата се вбројуваат во „преднонепчени“, бидејќи ретко каде се разликуваат од вистинските преднонепчени согласки.