From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан-Жак Ампер (француски: Jean-Jacques Ampère), (Лион, 12 август 1800 – По (град), 27 март 1864 ) – француски историчар, специјалист за средниот век, писател и патник.
Жан-Жак Ампер Jean-Jacques Ampère | |
---|---|
Фотографија на Жан-Жак Ампер од Адам-Саломон | |
Роден/а | 12 август 1800 Лион, Франција |
Починат/а | 27 март 1864 63) По, Франција | (возр.
Занимање | историчар, писател и патник |
Националност | француска |
Период | XIX век |
Син на славниот физичар Андре-Мари Ампер, Жан-Жак Ампер е дел од кругот на г-ѓа Рекамје. Тој е професор на Колеж де Франс, член на Академија за книжевност (1842) и Француската академија (1848).
Првото патување на Блискиот Исток, Жан-Жак го имал во 1841 година, заедно со Проспер Мериме и двајца други пријатели, Жан де Вит и Шарл Ленорман. На патувањето ги посетиле Неапол, Малта, Сирос, Ефес, Магнезија, Сард, Смирна, како и Цариград и Рим при враќањето. Ампер го раскажал патувањето во „Грција, Рим и Данте: книжевни студии од природата“ од 1848 година.
Тој бил првиот кој го употребил поимот ренесанса.
По неговата смрт, трудовите и нешто пари им ги оставил на своите пријатели Казимир и Ортанс Шевре. Почива на гробиштата Монмартр до неговиот татко Андре-Мари (починат на 10 јуни 1836 година). На нивниот гроб има два бронзени медалјони, дело на вајарот Шарл Гимери.[1]
Новинарот и есеист Лисјен-Анатол Прево-Парадол, неговиот наследник во Француската академија, при својот прием одржал панегиричен говор за Жан-Жак Ампер.[2] Во 1929 година, маркизата де Монтебело, вдовица на Гистав Лан де Монтебело и внука на Казимир Шевре, дел од архивата на Ампер му ја поклонила на библиотеката на Францускиот институт. Овој фонд меѓу другото содржи 254 писма од Жан-Жак Ампер до госпоѓа Рекамје која ги зачувала и му ги оставила на нивниот автор.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.