From Wikipedia, the free encyclopedia
Ехинококоза, исто така наречена хидатично заболување, хидатиоза, или ехинококо заболување, е паразитско заболување од тенија од видот на Ехинокока. Луѓето заболуваат од два типа на заболување, цистична ехинококоза и алвеоларна ехинококоза. Има две поретки форми на полицитична ехинококоза и уницистична ехинококоза. Заболувањето често започнува без симптоми и тоа може да трае една година. Симптомите и знаците коишто се појавуваат зависи од местото и големината на цистите. Алвеоларното заболување обично започнува во црниот дроб, но може да се рашири на други делови од телото, како на пример, во белите дробови или во мозокот. Кога е зафатен црниот дроб, лицето може да има абдоминална болка, загуба на телесната тежина и да има да пожолти. Белодробното заболување може да предизвика болка во градите, отежнато дишење и кашлица.[1]
Ехинококоза | |
---|---|
Echinococcus life cycle (click to enlarge) | |
Специјалност | Заразна болест, helminthologist |
Заболувањето се шири со изедена храна или вода што содржи јајца од паразитот или преку близок контакт со заразено животно.[1] Јајцата се ослободуваат во изметот кај животни што јадат месо коишто се заразени од паразитот.[2] Во животни коишто често се заразуваат спаѓаат: кучиња, лисици или волци.[2] За тие животни да се заразат, треба да ги изедат органитеод животното што ги содржеле цистите, како на пример, овци или глодачи.[2] Видот на заболувањето што се јавува кај луѓето зависи од типот на Ехинокока што ја предизвикува инфекцијата. Дијагнозата се воспоставува со ултразвук, иако исто така може да се употреби и компјутерската томографија (КТ) или снимањето со магнетна резонанца (МРИ). Може да се употребат и крвни тестови со кои се бараат антитела против паразитот, како и биопсија.[1]
Превенцијата од цистично заболување се спроведува со лекување на кучиња коишто може да ја носат болеста, како и вакцинација на овци. Честопати, лекувањето е тешко. Цистичното заболување може да се дренира преку кожата, по што следува терапија со лекови.[1] Понекогаш, овој тип на заболување само се набљудува.[3] За алвеоларниот тип често е потребен оперативен зафат по што следуваат лекарства.[1] Лекот што се користи е албендазол што може да е потребен со години.[1][3] Алвеоларното заболување може да резултира со смрт.[1]
Болеста се јавува во повеќе делови од светот и тековно има зафатено околу еден милион луѓе. Во некои делови од Јужна Америка, Африка и Азија зафатени се дури и до 10% од одредени популации.[1] Заклучно со 2010 година, во прериодот од 1990 до 2000 година предизвикала смрт кај околу 1200 луѓе.[4] Економскиот трошок од заболувањето се проценува на околу 3 милијарди американски долари годишно. Може да зафати и други животни, како свињи, крави или коњи.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.