Еро
департман во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
департман во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Еро (француски: Hérault, окситански: Erau) — департман во регионот Окситанија, јужна Франција. наречен е по реката Еро која тече низ него. Седиште на департманот е градот Монпелје.
Еро Hérault | ||
---|---|---|
департман | ||
Управата на Еро во Монпелје | ||
Местоположба на Еро во Франција | ||
Држава | Франција | |
Регион | Окситанија | |
Префектура | Монпелје | |
Потпрефектури | Безје Лодев | |
Управа | ||
• Претс. на советот | Андре Везине (СП) | |
Површина1 | ||
• Вкупна | 6.101 км2 (2,356 ми2) | |
Население (2013) | ||
• Вкупно | 1.092.331 | |
• Ранг | 20. | |
• Густина | 180/км2 (460/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Деп. бр. | 34 | |
Окрузи | 3 | |
Кантони | 25 | |
Општини | 343 | |
^1 Податоци од Катастарот на Франција, каде не се вброени устијата, езерата, барите и ледниците поголеми од 1 км2 |
Ова е еден од изворните 83 департмани создадени со Француската револуција на 4 март 1790 г. Издвоен е како дел од дотогашната покраина Лангдок.
На почетокот на XX век, лозарството во департманот настрадало од мала побарувачка и распространети лозови заболувања. На бунт се кренале илјадници малостопанственици, но биле сурово задушени од власта на Жорж Клемансо.
Во 1956 г. маслинарството настрадало од катастрофални мразови и предизвикале штета која се поправила дури во 1980-тите. Поради ова дошло до затворање на многу маслинарски кооперативи.
Во втората половина на XX век, низината на Монпелје доживеала огромен подем на населението.
Еро му припаѓа на регионот Окситанија и е обиколен со департманите Од, Тарн, Аверон, Гар и Средоземното Море (Лиоснкиот Залив) на југ. Се одликува со голема географска разновидност: на југот има плажи, на северот е планинскиот венец Севени, а помеѓу нив се протегаат земјоделските предели.
Поважни реки се Орб, Еро и Видурл.
Градот Лодев е географски антипод на Четемскиот Остров источно од Нов Зеланд.
Просечната дневна температура во Еро изнесува 25-30 °C во јули и август, а 8-10 °C во декември и јануари.
Во Монпелје се одржуваат следниве манифестации:
Јужниот Канал (Канал ди Миди) е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.
Најголема улога во туризмот на Еро играат плажите, но популарни се и пештерите Кламус и Демоазел.
Поранешниот кралски град Пезенас е едно од најстарите заштитени градски подрачја во земјата со преку 30 забележителни зданија, камени скалила, дворови и украсени фасади — сето на површина од само 17 ха.
Кап Дагд во Агд има големо нудистичко одморалиште.
Популарни се крстарењето по Јужниот Канал, како и возењето велосипедии пешачењето по кејот.
„Еро“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.