![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/73/Elizabeth_Bathory_Portrait.jpg/640px-Elizabeth_Bathory_Portrait.jpg&w=640&q=50)
Ержебет Батори
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ержебет Батори (унгарски: Báthori Erzsébet; словачки: Alžbeta Bátoriová; 7 август 1560 - 21 август 1614 година) [1] ― унгарска грофица и е една од најпознатите сериски убијци и вампиристи во историјата. Батори со уште четири нејзини слуги биле обвинети за мачење и убиство на стотици девојки и жени во перодот од 1590 до 1610 година.[2] Нејзините слуги биле изведени пред суд и осудени, а Батори била затворена во нејзиниот дом.[3] Била затворена во Чахтичкиот замок.[4]
Ержебет Батори | |
---|---|
![]() Копија од изгубениот оригинален портрет на Ержебет Батори од 1585 година | |
Роден(а) | 7 август 1560 Њирбатор, Кралство Унгарија |
Починал(а) | 21 август 1614(1614-08-21) (возр. 54) Чахтице, Кралство Унгарија (денес Чахтице, Словачка) |
Сопружник | Ференц Надажди |
Деца | 8 |
Обвиненијата изнесени против Батори од неколку историчари биле опишани како лов на вештерки.[5] [6] [7] Други автори, како Мајкл Фарин во 1989 година, рекле дека обвиненијата против Батори биле поткрепени со сведочење на преку 300 лица, а некои од нив понудиле и физички докази на мртви и затворени девојки пронајдени во моментот на нејзиното апсење.[8]
Приказните за Батори брзо станале дел од народниот фолклор.[9] Легендите со кои се опишуваат нејзините вампирски тенденции, како приказната дека се капела во крв на девици за да остане млада, обично настанале неколку години по нејзината смрт и се сметаат за неверодостојни.[3] Некои сметаат дека нејзиното дело е инспирирација за романот Дракула од Брам Стокер (1897),[10] иако белешките на Стокер за романот не нудат директен доказ за поткрепа на оваа хипотеза.[11]