Ерекција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерекција — физиолошка појава кај мажите, каде пенисот станува поцврст, поголем и надразнет. Ерекцијата е сложен однос меѓу физиолошки, нервни, васкуларни и ендокрини фактори и често се поврзува со сексот, иако ерекцијата може да е и спонтана (да не е за време на секс). Формата, големината, аголот и степенот на ерекција зависи од човек до човек.
Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
Физиолошки, ерекцијата е поттикната од парасимпатичната поделба на автономниот нервен систем, така што се овозможува вазодилаторните нивоа да пораснат во трабекуларните артерии и мазниот мускул на пенисот. Со тоа, кавернозното и спонгиозното тело на пенисот се исполнуваат со крв, а истовремено карличношупливиот и булбоспонгиозниот мускул ги притискаат вените и се ограничува истекувањето на крвта.
Како автономен одговор, ерекцијата може да се појави поради поголем број фактори, меѓу кои сексуален стимуланс и сексуално надразнување. Така, ерекцијата не е сосема под свесна контрола. Ерекциите за време на спиењето или утринските ерекции се познати како ноќни ерекции. Непостоењето на ноќни ерекции често се користи за да се разграничи меѓу физичките и психолошките причини за импотенцијата. Пенис кој не е сосема еректиран се нарекува полуеректиран пенис. Спротивно на ерекцијата, или еректиран пенис, е мека состојба на пенис.