![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/22/Normal-cancer-epigenome.png/640px-Normal-cancer-epigenome.png&w=640&q=50)
Епигенетика на ракот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Епигенетика на ракот ― проучување на епигенетските изменувања на ДНК на ракородните клетки кои не вклучуваат промена во нуклеотидната секвенца, туку наместо тоа вклучуваат промена во начинот на изразување на генетскиот код. Епигенетските механизми се неопходни за одржување на нормални секвенци на ткивно специфичното генско изразување и се клучни за нормален развој.[1] Тие можат да бидат исто толку важни, ако не и поважни од генетските мутации во преобразбата на клетката во рак. Нарушувањето на епигенетските постапки кај ракот може да доведе до губење на изразувањето на гените што се јавува околу 10 пати почесто со замолчување на транскрипцијата (предизвикано од епигенетска промоторна хиперметилација на цитозинско-гванинските острови) отколку со мутации. Како што Фогелштајн и колегите истакнале, кај рак на дебелото црево обично има околу 3 до 6 погонски мутации и 33 до 66 превезени мутации.[2] Сепак, кај туморите на дебелото црево во споредба со соседната слузница на дебелото црево со нормално појавување, има околу 600 до 800 силно метилирани цитозинско-гванински острови острови во промоторите на гените во туморите додека овие цитозинско-гванински острови не се метилирани во соседната слузница.[3][4][5] Манипулацијата со епигенетските промени дава големо ветување за спречување, откривање и терапија на ракот.[6][7] Кај различни видови рак, може да бидат нарушени различни епигенетски механизми, како што е замолчувањето на гените за сузбивање на туморот и активирањето на онкогените со изменети модели на метилација на Нарушувањето на епигенетските постапки кај ракот може да доведе до губење на изразувањето на гените што се јавува околу 10 пати почесто со замолчување на транскрипцијата (предизвикано од епигенетска промоторна хиперметилација на цитозинско-гванинските острови) отколку со мутации.цитозинско-гванинскиот острови, изменувања на хистони и вонрегулација на белковините кои врзуваат ДНК. Постојат неколку лекови кои имаат епигенетско влијание, кои сега се користени кај голем број од овие болести.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/22/Normal-cancer-epigenome.png/640px-Normal-cancer-epigenome.png)
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/28/Epigenetic_alterations_in_tumour_progression.svg/320px-Epigenetic_alterations_in_tumour_progression.svg.png)