американски друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Ендру Талански (германски: Andrew Talansky; р. 23 ноември 1988 ) — американски професионален триатлонец и поранешен професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2011-2017.[1][2] Роден на Менхетн во Њујорк,[3] Талански пораснал на Флорида. Денес живее во Жирона, Шпанија и во Напа.[2]
Талански на Тур де Романди 2011. | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Ендру Талански | ||
Прекар | Пит Бул | ||
Роден | 23 ноември 1988 Њујорк, Њујорк, САД | ||
Висина | 1,75 м | ||
Маса | 63 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2005–2006 2007–2008 2010 | Ласер-ес Herbalife–bikeam.com Гармин-Транзишанс (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2009 2010 2011–2017 | Аморе & Вита-Мекдоналдс Џајант Бери Фарм-Спешалајзд Гармин-Сервело | ||
Значајни победи | |||
|
Талански настапувал во крос-кантри трчање во средното училиште во Флорида пред да започне со велосипедизам на 17 години. По успехот на локалните аматерски трки, се преселил на колеџот Лис-Мекри во Северна Каролина, победувајќи на националното колеџ првенство во неговата прва година. Го напуштил колеџот една година подоцна за да ѝ се приклучи на екипата Аморе & Вита во Италија во 2009, но не бил задоволен со условите и се вратил во Америка истата пролет.[4] Возел во САД во 2009 без екипна поддршка. По силниот настап на трката Тур Гила, се приклучил на Гармин во 2010, преселувајќи се во професионалната екипа во 2011, со која успеал да стигне меѓу првите десет на Тур де Романди 2011.
Во 2012, Талански ја остварил неговата прва професионална победа во Европа на Тур де л’Ен и повторно возел на Тур де Романди. Овојпат завршил втор зад Бредли Вигинс, завршувајќи втор зад Вигинс на завршната етапа, поединечен хронометар на растојание од 16,24 километри.[5] Подоцна во сезоната бил именуван за водечки возач на Гармин за Вуелта а Еспања 2012,[6] каде завршил седми во генералниот пласман. Во 2013 бил втор на Париз-Ница, водејќи на трката два дена и бил избран за Тур де Франс по првпат, повторно успевајќи да стигне меѓу првите десет.
Ја освоил етапна трка Критериум ду Дофине 2014, приклучувајќи се на бегството во последната етапа, при што надокнадил 39 секунди задоцнување зад предводникот на трката Алберто Контадор.[7][8] Се повлекол од Тур де Франс 2014 по повеќето падови во еден ден.[9] Се вратил на Тур де Франс во 2015 година, каде завршил на 11. место во генералниот пласман.[10] Следната година повторно настапил на Тур де Романди, но возел како поддршка на Ригоберто Уран и Пјер Ролан.[11] Подоцна во сезоната ги освоил петтите места на Тур де Свис и на Вуелта а Еспања.[12][13]
Во септември 2017 година, Талански го објавил своето повлекување од трки преку објава на Инстаграм.[14] Меѓутоа, следниот месец најавил дека ќе продолжи да настапува во триатлон.[15]
Распоред на резултатите на големите трки | ||||||||||
Голема трка | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | не настапил во текот на својата кариера | |||||||||
Тур | — | — | 10 | СО | 11 | — | 49 | |||
Вуелта | 79 | 7 | — | 51 | СО | 5 | — | |||
Распоред на резултатите на поважните етапни трки | ||||||||||
Етапна трка | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | |||
Париз-Ница | 61 | — | 2 | — | 50 | СО | — | |||
Тирено-Адријатико | — | 120 | — | 17 | — | — | — | |||
Волта а Каталуња | — | — | — | 7 | 31 | — | СО | |||
Трка околу Баскија | 97 | — | 29 | — | 49 | — | СО | |||
Тур де Романди | 9 | 2 | 16 | 11 | — | 105 | — | |||
Критериум ди Дофине | — | — | 28 | 1 | 10 | — | 22 | |||
Тур де Свис | СО | — | — | — | — | 5 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.